Крстевски им даде инструкции на странците пред Работнички: Мора да ги уништиме (ВИДЕО)

1048

МЗТ Скопје зад себе го има одличниот меч против Олимпија и најважно победата од 79-74, важна во битката за опстанок. Актуелниот македонски првак од еден тежок дуел оди на друг. Следно во распоредот е вечното дерби против Работнички, кое се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20 часот.

По мечот со Олимпија, Бојан Крстевски им порача на странските кошаркари дека деулот со Работнички е дерби и дека мора да ги „уништат“. Мотивот за градската пресметка е секогаш голем, а тоа мора да го знаат и странските играчи кои настапуваат во двата табора.

ПретходноУште една НБА-ѕвезда се појави во чуден аутфит!
СледноПобеда си закажа две пријателски во Србија!