Миовски е богатството на Абердин: Играч на мечот, со 14 голови е трет на листата на најдобри стрелци во Лигата!

444

А, кој друг ако не Бојан Миовски. Иако Абердин и не е во којзнае каква форма, тука е Македонецот кој се покажа дека е вистинско богатство на овој славен шкотски клуб. Вчера протов Мотервел за пет минути “стегна“ два гола и му донесе победа на својот тим од 3:1.

Image

Токму затоа беше прогласен за играч на мечот, а со тие два гола сега Бојан со 14 голови сезонава е на третата позицијата на листата на стрелци во елитната лига на Шкотска. Се разбира дека има шанси уште да напредува, и тоа ќе го прави секако.

Не е тајна дека сите во Абердин, а посебно фановите на клубот се воодушевени од Бојан. Понудите за трансфер се тука, јавна тајна е дека Абердин нејќе да чуе да го пушти под 5 милиони евра, а тоа е десетпати повеќе од цената со која го купи Македонецот.

Ете, затоа Бојан Миовски е богатството на Абердин.

ПретходноЗарем е можно: Дали голманот на Емполи ја има одбраната на векот? (ВИДЕО)
СледноКристијано Роналдо денеска го прославува својот 38-ми роденден! (ВИДЕО)