Тимот на Нотингем Форест ја продолжи својата одлична форма по паузата поради Мундијалот. Предмалку на домашен терен го совлада Лидс со минимални 1:0 во рамките од новото коло во Премиер лигата.
Во првиот од двата денешни дуели на Островот, Форест успеа преку голот на Бренан Џонсон во 14. минута да поведе, а потоа и да слави на овој дуел.
Со овој триумф тимот на Нотингем Форест освои 24. бода од 21. меч додека пак Лидс со своите 18 поени и 18 место ќе има проблем да обезбеди опстанок сезонава.