Победа на Пелистер во сенка на тајфунот кој откажа и ја зачади салата!

2142

Пелистер дојде до планираните бодови против Академија ФМП. На домашен терен славеше со 81-67 во рамките на 14 коло во Првата лига. Битолчани на овој начин дојдоа до 11 триумф и останаа во трка за водечката позиција која ќе ја имаат кратко, бидејќи утре ќе биде комплетирано колото со вечното дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички.

Овој меч го одбележа проблемот со кој сите спортски екипи со децении се соочуваат, греењето во салата. Со оглед на тоа дека надвор температурите паднаа под нулата, во салата „Боро Чурлевски“ главно греење се тајфуните. Па едниот од нив откажа на 3:28 до крајот на третата четвртина. Истиот веднаш беше исклучен бидејќи можеше да се запали, но во салата се создаде чад, нешто што е срамно во едно модерно време.

Да не заборавиме дека Е.Пелистер, мечевите во Европската лига ги игра токму дома, па време е оваа сала да добие нешто повеќе.

Што се однесува до стрелците на овој меч. Карпентер даде 16, додека Карутерс 14 поени во триумфот на Пелистер, на другата страна Смит-Меквејн реализираше 20 поени.

ж

ПретходноАшаданов со седум кошаркарки на првиот собир!
СледноАкадемија Пандев го претстави новиот напаѓач од Грузија