Се чини дека во последно време Пеп Гвардиола како да ги губи конците во Манчестер Сити. Има очигледни проблеми во “рајот“ на „Етихад“, а се започна со заминувањето на Кансело во Баерн Минхен. Се појавија шпекулации дека најмалку уште петтмина играчи не можат да го “смислат“ Пеп, и дека бараат да си одат, а денеска шпанските медиуми, но и дел од оние на Островот лансираат “бомба“ во која велат дека Халанд и Пеп се во лоши односи и дека се чека само летниот преоден рок Норвежанецот да си оди.
И покрај тоа што игра во фантастична форма, Ерлинг Халанд смета дека Сити, со Пеп како тренер, не е клуб за него.