Кристијано Роналдо нема да се врати во Европа, по завршување на соработката со Ал-Наср, иако најави таква можност.
По очајната форма во Јунајтед и кавгата со тренерот Ерик тен Хаг, ја наушти Англија и се пресели во Саудиска Арабија. Тој го потпиша еден од најголемите договори во историјата на фудбалот најавувајќи дека после 40-та година би можел назад во Европа.
„Сакам да игра две, можеби три години, сакам да ја завршам кариерата на 40 години, мислам дека тоа е вистински момент. Но, не знам што ќе донесе иднината, секогаш имате еден план, а животот ви приредува нешто друго“, неодамна изјави Роналдо.
Сепак новата изјава на Португалецот вели нешто друго.
„Ги урнав сите рекорди во Европа, сакам да ги оборам сите тука. Тука сум да победувам, да играм да бидал дел од успехот на овој тим“, изјави Роналдо.