Фаворитите во трката за шампионската титула оваа сезона во домашното одбојкарско првенство, Струмица Никоб и Шкендија, без проблеми и со максимални победи ја почнаа втората полуетапа од шампионатот. Во првото пролетно коло, Струмица Н. со 3:0 на домашен терен славеше против скопски Работнички 71&22, додека екипата на Шкендија беше уште поубедлива во сет-поените во триумфот над Весна Пробиштип од 3:0.
Последниот меч од главната фаза за титулата се игра утре во Велес.
Викендов тргна и битката за опстанок во елитата во втората фаза од плеј-аут групата.
Прва лига (мажи), Втора фаза-1, (1.коло)
Струмица Никоб – Работнички 71&22 3:0 (25:7, 25:16, 25:15)
Шкендија – Весна Пробиштип 3:0 (25:8, 25:10, 25:6)
ГОК Борец – Лирија (понеделник, 17.25, МРТ-3)
Табела: Струмица Никоб 11-0, Шкендија 10-1, ГОК Борец 8-2, Лирија 6-4, Весна Пробиштип 6-5, Работнички 6-5.
Прва лига (мажи), Втора фаза-2, (1.коло)
Универзитет во Тетово – Македонија Џио 3:0 (25:19, 25:21, 25:19)
Петровец – Сушево (сабота, 20.00)
***Слободна е екипата на Штип УГД
Табела: Штип УГД 4-6, Универзитет во Тетово 4-7, Петровец 2-8, Сушево 1-9, Македонија Џио 0-11.