Ашаданов со седум кошаркарки на првиот собир!

118

Женската сениорска репрезентација вечерва ги стартуваше подготoвките за последниот квалификациски циклус за пласман на Евробаскетот 2023 во Израел и Словенија. Нашите кошаркарки ќе играат против БиХ (9.февруари) во Сараево, и Белгија (12.февруари) во Скопје.

Во СРЦ „Кале“ селекторот Александар Ашаданов тргнаа со седум кошаркарки. На првиот тренинг се појавија: Јелена Антиќ, Ивана Кметовска, Катерина Поп-Димитровска, Михаела Алексовска, Сања Адамовска, Цветанка Димова и најмладата во ова друштво, Ања Начевска.

„Очекувам утре да се комплетираме, односно да ни се придружат кошаркарките кои играат во странство, во прв ред Анџелика Митрашиновиќ, Нена Трајчевска, и Александра Стојановска, кои се и носители на играта, и заедно со Тијана Митрева, и Милица Николиќ  ќе направиме и некој посериозен тренинг пред заминувањето за Сараево кое е планирано за вторник навечер, и каде два дена подоцна ќе играме против селекцијата на Бих. Не би сакал да се повторувам, но извесно е дека повторно и во овој ФИБА ‘прозорец’ не сме комплетни, односно ја немам екипата која ја посакувам уште од почетокот на квалификациите. Но што е тука, е, со она што го имаме на располагање ќе се обидиме да играме добро, и да пробаме да изненадиме. Реално многу поголема шанса е дуелот со БиХ, која исто така има малку поразличен ростер во однос на ланскиот без најдобрата кошаркарка Џенкиел Џонс. Но, прво да се кпмплетираме, да одработиме она што можеме во овој краток временски период“, изјави Ашаданов.

Претходно„Баварската машина“ повторно е во погон: Баерн убедлив кај Волфсбург (ВИДЕО)
СледноПобеда на Пелистер во сенка на тајфунот кој откажа и ја зачади салата!