Барса ја „здроби“ Севиља и му избега на Реал на +8

182

Екипата на Барселона го искористи киксот на Реал Мадрид и со победа над Севиља (3:0) му избега на лутиот ривал на +8 бодови на чело на табелата во Ла Лига. По првото полувреме немаше погодоци на „Ноу Камп“, а резултатот го отвори  Жорди Алба во 58 минута.

Во 70 минута погоди и Гави, а девет минути подоцна и Рафиња со што беше поставен конечниот резултат.

Така Барселона стигна до 17-тата победа сезонава и има 53 бода, но и импресивна гол разлика од 42:7 или во превод најмногу дадени и најмалку примени голови од сите екипи во најсилната шпанска лига.

Севиља по двете победи кои ја извлекоа од дното доживеа нов убедлив пораз по кој остана со 21 бод, два повеќе од опасната зона.

ПретходноИнтер пак го преслуша Милан и е главен во градот на модата (видео)
СледноНова “бомба“ во НБА: И Дурент ќе биде трејдуван!?