Давитков стартуваше со пораз од Феникс!

235

Јорданчо Давитков после долго време се врати во мак-шампионат. Поранешниот македонски селектор седна на клупата на Струмица со цел да го спаси тимот, кој се наоѓа на последното место на табелата во Првата лига.

Сепак на првиот меч немаше среќа, беше поразен од Феникс на гости со 85-71. За струмичани ова беше 12 пораз оваа сезона, додека на другата страна домаќинот дојде до десетиот триумф.

Кошаркарите на Феникс одиграа добро во првата четвртина, истата ја добија со 30-11, што пак и беше клучна за крајниот исход. Гостите го поправија впечатокот во продолжение, но тоа не беше доволно за победа.

На три минути до крајот Струмица се доближи на 79-71, Трајковски и Хот имаа одговор за сигурна победа.

Трајковски со 30 поени, 12 скока и 7 асистенции, но и шест изгубени топки беше лидер, зад него беше Хот со 15 поени и 11 скока, по 14 имаа Фалден и Митревски. На другата страна Обиквели имаше 30 поени.

ПретходноСупер трансфер во НБА: Ирвинг го засили Далас!
СледноРекорден број на фаули врз Винисиус, Мајорка на чело по број на прекршоци