Дејан Георгиевски, нашиот спортски херој, еден од најдобрите таеквондисти во светот, се најде во 3.коло во “Президент Купот“ кој се одржува во Истанбул. Македонецот предмалку го совлада Бадри Али Бади од Азербејџан со 4:0 и 11:0 во двете рунди без да загуби бод.
Следната борба ќе биде исто така денеска, борнба по која ќе се знае дали Георгиевски ќе освои медал и уште еднаш ќе ја израдува Македонија.