Драган Николиќ во „екстаза“: Прво се фрли во прегратка кај Дамјан, па покажа мускули (ВИДЕО)

592

Драган Николиќ ја запиша првата победа во АБА-лига како тренер на МЗТ Скопје. Ова беше прва победа за актуелниот македонски првак после долго време, минаа речиси два и пол месеци.

Српскиот стратег и неговите момци ја урнаа Ц.Олимпија на домашен терен и направија важен чекор кон остварување на целта – опстанок во јадранското натпреварување. Токму оваа голема победа го понесе Николиќ, кој по судискиот свиреж прво се фрли во прегратки кај капитенот, Дамјан Стојановски, а потоа отиде кон трибините и покажуваше мускули.

ПретходноНов трипл-дабл на Јокиќ, грчкиот ѕвер Адетокумбо – незапирлив (ВИДЕО)
СледноРоналдо ја смени „лентата“ – не се враќа во Европа!