Мајорка го шокираше Реал Мадрид (ВИДЕО)

214

Тимот на Мајорка на домашен терен го направи изненадуњето на ова коло веројатно не само во Примера, туку и на целиот континент. Го совлада Реал Мадрид со 2:0, и на тој начин му зададе сериозен удар во битката да ја освои титулата сезонава.

Мајорка стигна до водство преку автоголот на Начо иако во тоа во многу влијаеше напаѓачот на Мајорка, Муричи со кого првиот беше во воздушен дуел. Начо очигледно сакајќи да ја одстрани опасноста со глава го лобуваше Лунин кој беше на голот на Реал.

Вториот клучен момент на овој меч се случи во второто полувреме кога Марко Асенсио имаше златна шанса за да израмни од белата точка, но србинот на голот на Мајорка, Предраг Рајковиќ маестрално брани и не дозволува израмнување.

 

ПретходноДејан Георгиевски во полуфиналето на Президент купот, и со сигурен медал во рацете
СледноСкопје загуби на контролата кај Феризај