Во само три дена МЗТ Скопје под нотите на своите фанови оствари голема победа. По триумфот над Ц.Олимпија во АБА-лига, вечерва актуелниот македонски првак го доби 160. вечно дерби против Работнички, славеше со 91-87.
И овој пат со поддршката на своите „Фемили“ ги пребродија драматичните минути, ги освоија бодовите и се вратија на врвот на табелата во Првата лига.
Пред Драган Николиќ и неговите момци сега е нов предизвик, но во АБА-лига, му гостуваат на Морнар, уште еден меч кој мора да се добие за опстанок во ова натпреварување.