Голманот на Малатија пронајден мртов, се трага по двајца играчи и спортскиот директор на Хатај

2121

Силниот земјотрес кој ја погоди југоисточна Турција и Сирија загинаа околу 1300 луѓе, а по многумина се уште се трага. Од Турција стигнуваат информации дека од под рушевините било извлечено телото на Ајуп Туркаслан, голманот на Јени Малатијаспор кој имал само 28 години.

Поранешниот фудбалер на Челзи, а сега на Хатајспор Кристијан Ацу заедно со соиграчлот Онур Ергун се уште се наоѓаат под рушевините и се трага по нив. Трага нема и од спортскиот директор на клубот Танур Савут за кого се верува дека исто така е затрупан под рушевините.

 

ПретходноГолема чест – Рајковиќ ќе биде тренер на „Ол старот“ на ВТБ лигата
СледноШкендија минимално поразена од Динамо Киев (видео)