Конечно убава вест од Турција: Атсу е пронајден жив во урнатините!

3895

Супер вест вечерва доаѓа од Турција, иако сепак сеуште официјално не е потврдена. Имено Кристијан Атсу, интернационалецот од Гана и сегашен член на Хатајсспор вечерва бил пронаден жив во урнатините. Спасувачката мисија била успешно завршена. Некогашната ѕвезда на Порто, Њукасл и Челзи, бил повреден, веднаш бил пренесен во болница, но сепак бил жив и бил надвор од животна опасност.

Да потсетиме дека во текот на денот, откако градот Хатај беше погоден од катастрофалниот земјотрес, беше кажано дека Атсу бил “заробен“ во урнатините откако неговиот апартман заедно со сите останати од деветокатницата бил разрушен и дека тешко ќе се пронајде жив.

За разлика од Атсу, голманот на Малатија Ахмет Ејуп бил пронајден, но мртов.

ПретходноЛацио водеше, но не успеа да ја победи Верона! (ВИДЕО)
СледноЕкс-селекторот се врати во С.Арабија: Хаџиевски повторно тренер на Наџран! (ФОТО)