Леброн пишува историја, има и такви кои плаќаат и 90.000 долари за билет!

377

На еден од најдобрите светски кошаркари, Леброн Џејмс (38) му требаат уште само 36 поени за да го престигне Карим Абдул-Џабар (75) на листата на најдобри стрелци во историјата на НБА.

Прашање е на денот кога Леброн ќе го симне од тронот легендарниот Абдул-Џабар, а најоптимистите се убедени дека тоа ќе се случи ноќта од вторник кон среда кога во Стејплс Центарот ќе гостува на Оклахома.

Според ESPN, вредноста на билетите е зголемена за 241 отсто во однос на 18 октомври минатата година. Билетите може да достигнат неверојатни 90.000 долари, но тоа сепак е резервирано за специјалните, со длабок џеб, кои сакаат поглед од првиот ред на Леброн на неговиот пат кон историјата.

Леброн Џејмс оваа сезона има просек од 30 поени, 8,5 скока и 7,1 асистенции. Ѕвездата на Лејкерси имаше шест натпревари во кои ја надмина границата од 36 поени.

ПретходноСе најде јунак кој ги сопре Емил Рајковиќ и ЦСКА Москва!
СледноАкадемија Пандев потпиша и 19-годишен турски фудбалер!