Лидс му врачи отказ на тренерот Џеси Марш

203

Лидс Јунајтед одлучи да го смени тренерот Џеси Марш по катастрофалниот пораз од Нотингем Форест во Премиер лигата. Американецот го презема Лидс во февруари 2022 и го спаси од испаѓање минатата сезона благодарение на победата во последното коло над Брентфорд. Се очекуваше во новата сезона да тргне подобро со тоа што клубот потроши преку 100 милиони фунти за нови засилувања како Бренден Аронсон, Тајлер Адамс и Жеоржинио Рутер, меѓутоа работите не тргнаа како што треба.

Просекот на победи на Лидс сезонава е 29.73%, а позицијата е веднаш над опасната зона со гол разлика од -8 гола после 20 кола.

Поразот од Нотингем Форест беше седми меч за Лидс без победа во Премиер лигата.

Крис Армас ќе го води тимот додека не се најде нов тренер, а неофицијално Карлос Корнберан од ВБА е меѓу кандидатите за клупата на јоркширскиот клуб.

 

ПретходноМиовски во тимот на колото во шкотската Премиер лига
СледноСе најде јунак кој ги сопре Емил Рајковиќ и ЦСКА Москва!