Наполи е блиску до скудетото. Елиф Елмас и другарите сезонава просто растураат во Серија А, никој ништо не им може. Тоа вчера на најдобар начин го покажаа и на средбата со Специја каде на еден рутински начибн победија со 3:0.
По мечот Лучано Спалети, тренерот на Наполи, со изјавата просто ги фрли во транс фановите на овој клуб.
„Покрај скудетото ние имаме намера да го освоиме и пехарот во Лигата на Шампионите. Тоа е наша одлука. Ќе се обидеме тоа да го сториме поради нашите фанови, ние сме горди на нивната љубов кон клубот“ изјави покрај другото стратегот на Елмас.
Инаку Наполи во 1/4 финалето во ЛШ за ривал го има Ајнтрахт Франкфурт.