Екипата на Шкендија доживеа пораз од украински Динамо Киев со 1:0 во пријателски меч одигран во Турција. Двете екипи се подготвуваат во Анталија, па си закажаа меѓусебен дуел кој се одигра денеска.
Динамо беше подобар противник со оглед на шансите и доминацијата, но и Шкендија имаше свои можности кои не ги искористи.
Голот падна пред крајот на првото полувреме. Голманот Захов погреши во исфрлањето на топката, таа дојде до играчите на Динамо, а од далечина погоди Џастин Ленвијк.
И Шкендија имаше свои можности, а издвојуваме една од посериозните, во 63 минута по шутот на Хасани голманот на Динамо ја изби топката во корнер.