Мартин Радуловиќ -Величковиќ е четврто ново име во најтрофејниот македонски клуб во зимскиот преоден рок.
Мартин има 20 години, доаѓа од словачката екипа Слован Братислава и потекнува од нашата фудбалска академија.
За сениорскиот тим на Вардар настапуваше во сезоната 2020/21 забележувајќи 25 прволигашки настапи.
Мартин Радуловиќ -Величковиќ е актуелен член на младата репрезентација на Македонија.