Во Сити се прават „на Тошо“: Не сме прекршиле ни едно правило

202

Откако утринава водството на Премиер лигата јавно го прозва Манчестер Сити за незаконстко работење односно потврдено прекршување на финансискиот фер плеј во изминатите години од клубот излегоа со соопштение за кое многумина сметаат дека е до толку глупаво што не знаат дали до Сити се шегуваат или пак сериозно мислат дека со таквиот документ нешто ќе влијаат.

Сити се терети дека сериозно го прекршувал финансискито фер плеј, дека купувал играчи во преодни рокови кога тоа не му било дозволено и дека во тој период ретко кој се замислувал околу оваа работа.

Сега, откако „ѓаволот ја однесе шегата“ и од Премиер лигата веќе е поведена постапка, од Манчестер Сити излегоа со следново соопштение.

„Манчестер Сити како клуб е изненаден од обвинувањата дека сме ги прекршиле правилата на Премиер лигата и особено што сите документи на оваа тема се доставени. Слободно нека се направи нова ревизија, околу се она за што се смета за сомнително, вратите на клубот за ова се секогаш отворени“ – се вели во соопштението.

ПретходноНиколиќ: Нека биде дерби спектакл како некогаш
СледноКомедија: Две минути играше со ливче во рака и се обидуваше да сфати што му напишал тренерот! (ФОТО)