Голема чест – Рајковиќ ќе биде тренер на „Ол старот“ на ВТБ лигата

102

Македонскиот тренер Емил Рајковиќ ќе биде тренер на еден од тимовите кои ќе настапат на рускиот кошаркарски Ол стар. Рајковиќ ќе биде предводник на „Новите ѕвезди“ со ВТБ лигата меѓу кои е и нашиот интернационалец Ненад Димитријевиќ.

На другата страна, тренер на тимот на „Старите ѕвезди“ ќе биде Велимир Перасовиќ.

Рајковиќ и Перасовиќ моментално се тренери на најдобрите руски тимови ЦСКА Москва и Уникс Казан.

„Горд сум што ќе бидам дел од овој спектакл на најдобрите кошаркари во ВТБ лигата. Му благодарфам на раководството на лигата за поканата. Јас и мојот тренерски штаб ќе дадеме се од себе за да одиграме одлично и навивачите да уживаат во играта на нашата екипа“, изјави Рајковиќ.

Ол старот ќе се одржи на 19 февруари во Москва на „ВТБ арената“.

 

ПретходноКомедија: Две минути играше со ливче во рака и се обидуваше да сфати што му напишал тренерот! (ФОТО)
СледноГолманот на Малатија пронајден мртов, се трага по двајца играчи и спортскиот директор на Хатај