Силниот земјотрес кој ја погоди југоисточна Турција и Сирија загинаа околу 1300 луѓе, а по многумина се уште се трага. Од Турција стигнуваат информации дека од под рушевините било извлечено телото на Ајуп Туркаслан, голманот на Јени Малатијаспор кој имал само 28 години.
Поранешниот фудбалер на Челзи, а сега на Хатајспор Кристијан Ацу заедно со соиграчлот Онур Ергун се уште се наоѓаат под рушевините и се трага по нив. Трага нема и од спортскиот директор на клубот Танур Савут за кого се верува дека исто така е затрупан под рушевините.