Динамо Загреб, и покрај актуелните проблеми денови во раководството, сепак е најгочемиот клуб на Балканот. Клубот од Загреб и тоа како знае да ги препознае талентираните деца, посебно од Бразил, како на пример што беше Едуардо кој подоцна стана и хрватски репрезентативец и направи трансфер од Динамо во Арсенал.
Деновиве на “Максимир“ дојде новото фудбалско чудо од Бразил, како што го нарекуваат “новиот Нејмар“. Неговото име е Белињо и има само 14 години.
Се разбира дека во прво време овој мега – талент ќе тренира во младинската академија на Динамо Загреб за да потоа, ако се биде во ред, ќе заигра и за првиот тим на “модрите“.