Еден од нашите најдобри тренери во историјата, екс –селектор и стратег со богато интернационално искуство, Ѓоко Хаџиевски одново е тренер на екипата на Наџран. Македонецот се врати во овој тим од Саудиска Арабија и тоа по цели девет години. Неговата промоција веќе е извршена, а Хаџиевски одработи неколку тренинзи со екипата.
Вообичаено кога се работи за Хаџиевски, тој и во Наџран ќе има помошници од Македонија, и тоа Филип Деспотовски, Филип Спасески и Филип Маџовски.