Каква среќа, голема, огромна среќа за Лука Станковски. Имено познато е ноќеска Турција беше погодена од силен земјотрес, епицентарот е во близина на Газијантеп, градот во кој живее и игра за истоимениот тим нашиот младински репрезентативец. Во Газијантеп има стотина мртви, има урнати згради, урната е старата тврдина, но Лука Станковски сето тоа го одбегна поради фактот дека добил од клубот два слободни дена и тој лошите вести од Турција го слушна во Скопје.
Навистина среќа за Лука и неговите најблиски.
Некогашниот фудбалер на Работнички утринава е во постојана комуникација со клубот, исто така е и во комуникација со неговите клупски соиграчи. Зградата каде што е неговиот апартман е во ред па така една грижа помалку за Лука.