И дефинитивно Севилја се претвори во клуб кој е комедија, односно трагикомедија. Синоќа на “Камп Ноуи“ тимот од Андалузија бепе катастрофално поразен од Барселона, но ретко кој можеше да види една случка која најдобро ја отсликува моменталната ситуација во тимот.
Имено се играше 65.минута кога Хоан Џордан, еден од играчите на гостите доби ливче со инструкции од својот тренер Хорхе Сампаоли.
Сиротиот фудбалер речиси две минути играше со ливчете во рака и се обидуваше да сфати или да ја дешифрира пораката на својот тренер и очигледно е дека не успеал во тоа зошто до крајот Севилја прими уште два гола за конечен пораз од 3:0.