Во меч од 21.коло во Серија А, вечерва Верона и Лацио одиграа без победник 1:1. Натпревар одигран без некој посебен квалитет, натпревар на кој Лацио водеше со 0:1 со голот на Педро во последните секунди од првото полувреме. Со тоа водство се замина на пауза, а во второто полувреме уште во 51.минута преку Нгонге, домашниот состав успеа да израмни на 1:1, со тоа да го постави конечниот резултат.
Со овој бод Лацио има 39 бодови, еден повеќе од Аталанта и Милан, и се наоѓа на 4.место на табелата, значи во зоната на пласман во Лигата на Шампионите.