На Дурент му понудија јахта за да дојде да игра во Европа!

471

Минатата сезона Кевин Дурент пристигна во Европа на покана на неговиот поранешен соиграч од Бруклин, Мајк Џејмс. Тој ги следеше натпреварите помеѓу Монако и Олимпијакос во четврт-финалето на Евролигата и после тоа истакна дека би сакал еднаш да игра во ваква запалива атмосфера. Сега Мајк Џејмс има идеја како да го оствари тоа.

Откако се појавија гласини дека Феникс Санс сакаат да го доведат Дурент во своите редови, искусниот кошаркар тоа го прокоментира на оригинален начин.

„Срање, мислам дека сите би сакале да го доведат. Монако ќе му понуди јахта“, напиша Џејмс.

Дурент има договор со Бруклин Нетс од 195.000.000 долари, но е незадоволен по заминувањето на Кајри Ирвинг во Далас, а сега тоа сакаат да го искористат и другите тимови во НБА. Секако, рече дека би сакал да игра кошарка надвор од Европа, но на сите им е јасно дека засега тоа е предалеку.

ПретходноДрамата за првакот: МЗТ Скопје го реши Работнички и се врати на врвот (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноАеродром слави: МЗТ Скопје и „Фемили“ – повторно добитна комбинација!