Осумте најдобри екипи во машка сениорска конкуренција ,односно четирите најдобри екипи во женска сениорска конкуренција, од 16. до 18. февруари, во Скопје, ќе се надигруваат меѓу себе за да стигнат до престижниот трофеј од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“.
Завршниот турнир во женска конкуренција, оваа година ќе се игра на 17. и на 18.февруари, додека осумте најдобри во машка конкуренција ќе се борат за трофејот во периодот од 16. до 18. февруари.
Бранители на трофеите се екипите на ТФТ од Скопје, кој воедно е и најтрофеен во машка конкуренција, додека кај дамите во таа улога е екипата на Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица, која го освои трофејот во минатогодишното издание на финалниот турнир, кој исто така се одржа во Скопје.
Сите натпревари, и во машка и во женска конкуренции, ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.