Се чини дека во таборот на Бруклин работите не одат во посакува насока. Имено по заминувањето на Кајри Ирвинг во Далас, кај Лука Дончиќ, на повидок е нова “бомба“, и тоа каква. Информациите од САД велат дека се чини дека и Кевин Дурент, еден од најдобрите кошаркари во светот ќе си замине од Бруклин, односно ќе биде трејдуван и тоа во тимот на Феникс Санс.
Ова го побарал самиот Дурент кој по заминувањето на Ирвинг и самиот знае дека Бруклин не е веќе кадарен за нешто големо. Додека со Феникс Санс работите стојат поинаку.
Можеби проблем ќе биде платата на Дурент која годишно изнесува цели 48 милиони долари.