По изјавата на Спалети фановите на Наполи во транс: Имаме намера да го освоиме пехарот во ЛШ!

1619

Наполи е блиску до скудетото. Елиф Елмас и другарите сезонава просто растураат во Серија А, никој ништо не им може. Тоа вчера на најдобар начин го покажаа и на средбата со Специја каде на еден рутински начибн победија со 3:0.

По мечот Лучано Спалети, тренерот на Наполи, со изјавата просто ги фрли во транс фановите на овој клуб.

Покрај скудетото ние имаме намера да го освоиме и пехарот во Лигата на Шампионите. Тоа е наша одлука. Ќе се обидеме тоа да го сториме поради нашите фанови, ние сме горди на нивната љубов кон клубот“ изјави покрај другото стратегот на Елмас.

Инаку Наполи во 1/4 финалето во ЛШ за ривал го има Ајнтрахт Франкфурт.

ПретходноРеал без Куртоа на светското клупско првенство, неизвесен е и за ЛШ!
СледноДенвер без Јокиќ е само просечен тим, Нагетси декласирани од Минесота!