Во последниот дуел пред враќањето од подготовките во Охрид, тимот на Работнички со 4:0 ја совлада екипата на Воска.
Прволигашот во целост го надигра ривалот и покажа дека периодов добро е работено во таборот на „Романтичарите“.
Стрелци на головите беа Анес Рушевиќ во првиот дел, а во продолжението погодија Величковски, Шаркоски и Елмас.
Работнички денеска се враќа во Скопје.
Од друга страна пак, тимот на Македонија ЃП на подготовките во Анталија минимално со 1:0 загуби од лигашот од Украина, Инхулетс.