Реал без Куртоа на светското клупско првенство, неизвесен е и за ЛШ!

246

Реал Мадрид е во очајна форма. Вчера загуби од Мајорка, ама поголем проблем е повредата на голманот Тибо Куртоа. Тој вчера на загревањето на средбата во Мајорка се повреди, имаше проблеми со адукторот и затоа на голот беше Лунин. Првите лекарски извештаи велат дека Куртоа тешко дека ќе игра на светското клупско првенство за Реал оваа недела, а под голем знак прашалник е и неговиот настап во ЛШ, односно на првиот меч и тоа против Ливерпул на 21 февруари.

ПретходноНова “бомба“ во НБА: И Дурент ќе биде трејдуван!?
СледноПо изјавата на Спалети фановите на Наполи во транс: Имаме намера да го освоиме пехарот во ЛШ!