Цел одбојкарски тим е затрупан под урнатините на хотел во Малатија

2411

Како изминува денот, така се повеќе информации пристигнуваат од разни делови ан Турција околу жртвите и повредените од катастрофалниот земјотрес кој ја погоди утринава оваа земја. Па така, од Малатија пристигнува информацијата дека целиот одбојкарски тим на Малатиа Метрополитен Беледиеспор се наоѓал во хотел кој комплетно се урнал и судбината на спортистите засега е непозната.

Спасувачките екипи извлекле четворица од урнатините, но по останатите сеуште се трага.

Турскиот министер за млади и спорт Мехмет Касапоглу соопшти дека поради земјотресот се откажуваат сите спортски настани во земјата.

foto Getty images

ПретходноЛегендарниот турски голман апелира до светот: Во име на Господ, ве молам помогнете
СледноРабoтнички силно против Воска, МЃП со пораз од Инхулетс