Разорен земјотрес денеска ја погоди Турција, а епицентарот е во Газиантеп каде што за огромна среќа во моментов не се наоѓа нашиот интернационалец и У21 репрезентативец Лука Станковски. Тој е на дводневен мини одмор во Скопје и за голема среќа ја избегна трагедијата.
Во исто време, природната катастрофа се почувствува и во Адана, град каде што за Адана Демиспор настапува уште еден наш интернационалец Јован Манев.
И тој имаше огромна среќа во оваа страшна ситуација. Со неговиот тим денеска требаше да гостуваат на Умранијeспор, но секако дека овој дуел е откажан.
Спортмедиа го контактираше Манев секако првично за да дознае дали е тој и неговите блиски во ред.
„Благодарам што се сетивте на мене. Да, во ред е се, првично затоа што во моментот на трагедијата не сме во Адана, туку сме во карантин во Истанбул каде што требаше денеска да играме меч. Секако дека е одложено се. Огромна катастрофа, тотален хаос. Сега заминуваме веднаш за Адана, каде што огромен дел од соиграчите, стручниот штаб, раководството на клубот има семејство. Во моментов полетуваме“ – ни изјави Јован Манев.