Валтер и Радовиќ пред дуелот со Архус во ЕЛ: Сакаме од Данска да се вратиме со бодови!

108

Утре во меч од 7.коло во групата – Д, во рамките на Европската лига, ракометарите на Е. Пелистер гостуваат во Данска, каде ќе ги одмерат силите со тимот на Архус.

Во изминатите шест натпревари битолскиот тим има само две победи и едно реми, секако и три порази, но тоа не ги обесхрабрува момците на стратегот Ларс Валтер, инаку Данец, да веруваат во себе дека можат да дојдат до бодови.

Инаку натпреварот започнува во 18.45 часот.

Во пресрет на утрепниот дуел свој коментар има токму Валтер.

Последните два дена работиме со добар ритам и момците кои беа надвор од тимот почнуваат да го фаќаат тој ритам. Видливо беше дека ни недостига такво темпо на претходните два натпревари. Против Нексе беше нешто подобро, но мора уште малку да се подобриме. Овој викенд работевме одлично и тоа веќе изгледа солидно. Патуваме во Данска со подигната глава, сакаме да одиграме добро и да донесеме бодови од таму. Квалитетот на данската лига е неверојатен. Викендов Архус загуби од вториот најслаб тим во лигата и тоа покажува дека секој тим може да освои бодови против секого во данскотоо првенство. Сепак, Архус Скандеборг игра добра сезона досега, се наоѓа на шестото место, но тимот има падови и подеми. Наша цел е да ги фатиме во пад во вторник. Брзи се, треба да го сопреме нивниот контра напад. Околу 30% од головите ги постигнуваат од контра напади и не треба да ги правиме истите грешки како на последните два натпревари. На тренинг напорно работиме да ги сведеме на минимум техничките грешки. Тоа ќе го направите само ако го следите тактичкиот план и баш тоа се обидуваме да го сториме“ изјави стратегот на Е. Пелистер.

Од друга страна и капитенот на тимот Мирко Радовиќ верува во добро издание утре на Е. Пелистер. Тој истакнува дека добро се подготвени за овој натпревар:

Добро се подготвуваме, гледавме видео-материјал за Архус, како и првиот натпревар во Битола. Се обидуваме да сигнализираме каде погрешивме. Се работи за најпријатно изненадување во првиот дел на сезоната, како во Европа, така и во домашното првенство, каде му зедоа „скалп“ на Алборг. Се работи за одлична екипа која игра брз ракомет, екипно се феноменални, имаат одлична контра и полуконта. Утрешниот ден ќе го искористиме за детали и одиме во Данска да дадеме сè од себе и да тргнеме добро годинава во Европа. Тешко беше неделава, бидејќи ние неколкумина од Светско првенство директно дојдовме во Нови Сад, брзо потоа следеше и Нексе и тие натпревари добро ни дојдоа да се воиграме. Штета што не победивме барем еден натпревар од СЕХА лигата. Ќе пробаме тие два натпревари добро да ги искористиме и сега се вртиме на Европа и предизвикот кој ни следи“.

ПретходноВО ЈАНУАРИ, РЕКОРДНИ 70 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВИДЕОЛОТАРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ
СледноЈован Манев: Тотален хаос, среќа наша се најдовме во Истанбул….