Легендарниот турски голман, а моментално тренер на тимот на Хатајаспор, Волкан Демирел на својот Инстаграм профил објави апел за итна помош до Турција, по повод катарстрофалниот земјотрес кој се случи денеска на подрачје на поголемиот дел од државата.
Турција утринава беше погодена од силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, кој предизвика уривање на згради и во Сирија. Досега во двете земји загинаа повеќе од 1.500 луѓе, а неколку илјади се повредени.
„Помош! Би сакал да ги испратите сите ресурси што ги имате, не се работи само за Хатај и Антакија… Ве молам! Ве молам, во име на Бога, овде умираат луѓе“, рече Демирел, а потоа се расплака.
😢🇹🇷 Ex-Fenerbahçe goalkeeper and current Hatayspor manager Volkan Demirel was in tears on Instagram live.
Türkiye has been hit with a very severe earthquake: 7.8 magnitude, with hundreds sadly confirmed dead. pic.twitter.com/Sr9QqyFI6v
— EuroFoot (@eurofootcom) February 6, 2023