Николиќ: Нека биде дерби спектакл како некогаш

156

Вечерва со почеток од 20:00 часот во салата Јане Сандански се игра големото кошарско дерби помеѓу екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Во пресрет на мечот, кој во серија е 160 помеѓу овие два гратски ривали тренерот на домашниот тим, Драган Николиќ во зјава го најавува дуелот посакувајќи амбиент како што некогаш го красеше ова дерби.

„Очекувам добар меч против Работнички. Противникот е одморен, бидејќи последниот меч го имаа во средата. Го имаа Малешевиќ, одличен американски плејмејкер, и неколку добри домашни кошаркари. Вечното дерби е меч чиј што епилог не може да се предвиди никогаш однапред. Се надевам дека и едните и другите, а и сите оние кои ќе дојдат на трибините, ќе направат амбиент кој ќе биде сличен на спектаклите кои ги паметам од минатото“ – изјави тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Драган Николиќ.

ПретходноРабoтнички силно против Воска, МЃП со пораз од Инхулетс
СледноВо Сити се прават „на Тошо“: Не сме прекршиле ни едно правило