Заврши неверојатната серија на победа за македонскиот стратег, Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва, и тоа на домашен терен. Зенит е тимот кој успеа да го сопре налетот на лидерот, откако славеше со 86-90.
Рајковиќ и ЦСКА Москва со 24 победи во исто толку одиграни натпревари испишаа рекорд во ВТБ-лигата, а првиот пораз го запишаа токму во разигрувањето за трофејот.
Гостите беа добри во првата четвртина во која поведоа со 18-26, ЦСКА на полувремето поведе со 42-37, иако по одморот имаше и предност од 12 поени, сепак ја изгуби контролата. Зенит успеа во последната четвртина да дојде на плус осум, дуелот влезе во неизвесна завршница која им припадна на гостите.