Како изминува денот, така се повеќе информации пристигнуваат од разни делови ан Турција околу жртвите и повредените од катастрофалниот земјотрес кој ја погоди утринава оваа земја. Па така, од Малатија пристигнува информацијата дека целиот одбојкарски тим на Малатиа Метрополитен Беледиеспор се наоѓал во хотел кој комплетно се урнал и судбината на спортистите засега е непозната.
Спасувачките екипи извлекле четворица од урнатините, но по останатите сеуште се трага.
Турскиот министер за млади и спорт Мехмет Касапоглу соопшти дека поради земјотресот се откажуваат сите спортски настани во земјата.
foto Getty images