Шкендија минимално поразена од Динамо Киев (видео)

559

Екипата на Шкендија доживеа пораз од украински Динамо Киев со 1:0 во пријателски меч одигран во Турција. Двете екипи се подготвуваат во Анталија, па си закажаа меѓусебен дуел кој се одигра денеска.

Динамо беше подобар противник со оглед на шансите и доминацијата, но и Шкендија имаше свои можности кои не ги искористи.

Голот падна пред крајот на првото полувреме. Голманот Захов погреши во исфрлањето на топката, таа дојде до играчите на Динамо, а од далечина погоди Џастин Ленвијк.

И Шкендија имаше свои можности, а издвојуваме една од посериозните, во 63 минута по шутот на Хасани голманот на Динамо ја изби топката во корнер.

ПретходноГолманот на Малатија пронајден мртов, се трага по двајца играчи и спортскиот директор на Хатај
СледноДаниел Димевски со порака до Мојсовски: Врати се во спортот во друга функција, оваа не е за тебе