Екс фудбалски репрезентативец на Сирија и неговиот син меѓу загинатите во земјотресот

242

Големата трагедија која што се случи вчера во која што во разорниот земјотрес кој ги погоди Турција односно Сирија засега загинаа околу 5000 луѓе го шокираше светот. Од минута во минута се зголемува бројот на жртвите кои се извлекуваат од под урнатините, а меѓу нив има и познати личности од двете земји.

Од Сирија доаѓа информацијата дека меѓу загинатите е и некогашниот фудбалски репрезентативец на оваа земја Надер Џокхадар кој долги години настапуваше во шампионатот на Јордан, а откако заврши со активното играње се врати дома.

Откако е извлечено неговото тело, утврдено е дека починал и неговиот син. Фудбалската Федерција на Сирија се прости од својот член со трогателна порака.

ПретходноИграчи на Хамбургер се тркале низ град, па предизвикале страшна сообраќајна несреќа
СледноПеп „мие раце“ од криминалот во Сити и си заминува!?