Бојан Миовски игра одлична сезона, блеска во дресот на Абердин. По новите два гола, македонскиот репрезентативец прво се најде во тимот на колото во шкотската Премиер-лига, а сега веќе доби уште едно големо признание.
Миовски е прогласен за играч на колото во овој шампионат.
Тој против Мотервел за пет минути “стегна“ два гола и му донесе победа на својот тим од 3:1. Бојан има 14 голови сезонава и се наоѓа на третата позицијата на листата на стрелци во елитната лига на Шкотска.
„Македонскиот маестро Бојан Миовски беше одличен во победата. Тој е ѕвездениот човек оваа недела“, стои во објаснувањето за македонскиот репрезентативец.
🌟 @AberdeenFC‘s Bojan Miovski has been named as Star Man in the SPFL #TOTW!
Read more 👉 https://t.co/eTiYz8QfWH#cinchSPFL | @cinchuk pic.twitter.com/3c3RIZwwIz
— SPFL (@spfl) February 7, 2023