Хофенхајм го смени тренерот после 13 меча по ред без победа

89

Германскиот бундеслигаш Хофенхајм објави дека „раскинале“ со тренерот Андре Брајтрајнер поради лоша серија на резултати. Последната капка беше поразот од Бохум во меч од 19 коло на најсилната германска лига.

Брајтрајнер го презеде Хофенхајм на 1 јули минатата година, тимот добро почна меѓутоа после влезе во серија од 13 меча без победа. Последната победа им беше во септември.

По 19 кола, Хофенхајм има 19 поени и е на 14 место во Бундес лигата. Следниот меч им е на 11 февруари против Баер Леверкузен.

Потенцијални кандидати за испразнетото место се Доменико Тедеско, Матијас Калтенбах и Ралф Хазенхетл.

 

Lonvejk

 

ПретходноУште една репрезентација остана без селектор по завршување на СП!
СледноХатајспор потврди: Атсу извлечен од под урнатините и пренесен во болница поради повредите