Ал Хилал го шокира Фламенго и ќе игра во финалето на Светското клупско првенство (видео)

318

Азискиот шампион Ал Хилал од Саудиска Арабија ќе игра во финалето на Светското клупско првенство откако во полуфиналето, одиграно на стадионот „Ибн Батута“ во Танжер го совлада првакот на Јужна Америка, славниот Фламенго со 3:2.

Ова е големо изненадување затоа што се очекуваше Бразилците да се најдат во финалето.

Уште во 4. минута шок за „црвено-црните“. Матезињо направи груб прекршок за пенал. Салем Ал Давсари го отвори резултатот од белата точка. Во 20 минута изедначи Педро кој со убав волеј ја испрати топката во долниот лев агол, а асистент беше „несреќниот“ Матезињо.

Untitled

Video Untitled was uploaded to Streamin.me on Feb 08, 2023.

Untitled

Video Untitled was uploaded to Streamin.me on Feb 08, 2023.

Untitled

Video Untitled was uploaded to Streamin.me on Feb 08, 2023.

Во последните секунди од првото полувреме Жерсон играше со рака во шеснаесетникот, а судијата по прегледување на ВАР снимка покажа пенал, а на играчот на Фламенго му покажа втор жолт картон и го испрати во соблекувалната. Ал Давсари повторно беше прецизен од белата точка.

Во 59. минута Ал Давсари со силен шут ја затресе пречката од голот на Фламенго. Истиот играч во 70 минут му асистираше на Лукас Вието за 3:1. Конечниот резултат го постави Педро во 91 минута, со својот втор гол на мечот, а за ублажување на поразот на бразилскиот тим.

Ова е најголем успех на Ал Хилал на Светското клупско, а во претходните две учества завршуваше на четвртото место (2019 и 2021).

 

Untitled

Video Untitled was uploaded to Streamin.me on Feb 08, 2023.

ПретходноЛапорта: На Чави му оди одлично, но има уште многу работа
СледноСинот на Роналдињо потпишува за Барселона