Британскиот боксер и поранешен светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа на својот Твитер профил објави дека на 1 април во О2 арената во Лондон ќе се бори со Американецот Џермејн Френклин.
Џошуа се подготвува да се врати во рингот по двата последователни порази од Украинецот Александар Усик, во јули 2021 година во Лондон со едногласна одлука и во август минатата година во Саудиска Арабија.
Поранешниот светски шампион, долго време преговараше со Тајсон Фјури, но не успеаја да се договорат за меѓусебна пресметка.