Захариевски: Задоволен сум од подготовките, имаме компактен тим за пролетниот дел

179

Струга Трим Лум ги заврши подготовките во Анталија, Турција и се враќа во Македонија каде што ќе продолжи да работи до почетокот на пролетниот дел од сезоната. Таму одиграа пет пријателски меча со скор од една победа, две ремија и два порази. За тренерот Срѓан Захариевски тоа е најмалку важно затоа што, како што вели, целта му била да им даде на сите играчи минутажа и да ја воигра екипата.

Работевме напорно, се обидувавме да го “украдеме“ секој момент на теренот овде, затоа што условите во Турција се н многу повисоко ниво отколку кај нас. Одигравме пет контролни натпревари, сите фудбалери еднакво добија минути, па ќе имаме компактен тим за пролетниот дел од сезоната“, изјави Захариевски.

За тоа како е задоволен од фудбалерите:

Задоволен сум од тоа што фудбалерите го прикажаа на подготовките и на натпреварите, меѓутоа мора да кажам дека се уште не сме на посакуваното ниво, а мислам дека ќе бидеме кога ќе стартува шампионатот“, додаде тренерот на Струга ТЛ.

Претходно„Црни“ 15. минути за Пелистер и нов пораз од Архус!
СледноСтојковски и Коњановски едногласни: Враќање на Пелистер во ПМФЛ, зајакнување на школата и подобрување на инфраструктурата