Претседателот на Барселона Жоан Лапорта е презадоволен од она што се случува во моментов со тимот, и со лидерската позиција во Примера. Проговори за резултатите на шпанскиот клуб во тековната сезона. Тој изрази задоволство од она што Каталонците го покажале досега и што се онаму каде што се.
“Тимот работи прилично добро, но има уште многу работа. Треба да покажеме уште поголема решителност. Работата на главниот тренер? Чави дефинитивно работи одлично. Тој ја водеше Барселона во многу тежок период, но успеа да се справи со ситуацијата. Овој тренер им всади тимски дух на играчите“, изјави Лапорта, цитиран од весникот „Марка“.
Чави како тренер работи во каталонскиот тим од ноември 2021 година. Барселона води во поредокот во шпанската лига со 53 бода од 20 одиграни натпревари. Шампионот од минатата сезона и најголем конкурент на Каталонците, Реал Мадрид заостанува осум бода. Сепак, испаднаа од групната фаза од Лигата на шампионите и оваа пролет ќе играат елиминацииска пресметка со Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа.